Култната шведска поп-група ABBA ја објави третата нумера од нивниот долго очекуван албум „Voyage“ под наслов „Јust A Notion”, од петокот утротоо е достапен на Spotify и YouTube и го носи класичниот звук на бендот од 1970-те години.
Ова не е случајно, бидејќи оваа песна потекнува всупшност од големата ера на поп-групата, односно првпат е снимена во 1978 година, но тогаш Агнета, Бјорн, Бени и Ани-Фирд ја отфлиле. За новиот албум таа е повторно извлечена „од нафталин“.
Објавувањето на песната „Just A Notion“ го следи лансирањето на немерите „I Still Have Faith in You“ и „Don’t Shut Me Down“, коишто ABBA ги претстави на почетокот од септември, а станува збор за првата нова музика на бендот по речиси 40 години.
Најавувајќи го новиот албум, групата најави и настап на со виртуелно претставување на своите ликови, ткн Абатими, во Лондон, како и на новиот албум. Албумот „Voyage“ ќе се појави во продажба на 5-ти ноември и ќе содржи десет нумери, вклучително и трите досега објавени.
Песната „Don’t Shut Me Down“ веќе е преслушана повеќе од 25 милиони пати на Spotify, а „I Still Have Faith in You“ е преслушана 15 милиони пати.
За споредба, евергрин хитовите на бендот како „Dancing Queen“, „Gimme! Gimme! Gimme!“ и „Mamma Mia“ сега имаат деветоцифрени бројки на преслушувања на платформите за стриминг.