Нашата политика во наредните четири години е развој на „Паметна општина“ преку дигитализација, односно употреба на ИКТ, што придонесува за зголемување на оперативната ефикасност, споделувањето и разменувањето информации со јавноста и го унапредува квалитетот на општинските јавни услуги и благосостојбата на граѓаните.
Реализацијата на оваа политика вклучува:
поголема партиципативност на граѓаните во планирањето и креирањето на буџетот на Општината,
поголема контрола на буџетските трошоци и нивно намалување,
подобрување на услугите и интеракцијата со граѓаните,
ефикасно планирање и одржување на инфраструктурата,
ефикасно и подобро управување и наплата на даноците.