Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски во вечерашната дебата на „360 степени“ рече дека во вториот круг од локалните избори тие ќе се обидат да победат во општините во кои имаат свои кандидати, а онаму каде што немаат ќе поддржат некој од другите кандидати, а во тој контект како пример го наведе Куманово.
Во Куманово во вториот изборен круг останува актуелниот градоначалник Максим Димитриевски, кој на овие локални избори настапува како независен кандидат, а противкандидат во вториот круг му остана Оливер Илиевски, кандидиран од СДСМ.
-Ние во нашиот настап не гледаме да навредуваме други кандити или други политички партии, туку гледаме каде што можеме да победиме заедно со Алијанса за Албанците и Алтернатива. Но, таму каде што не сме во игра да дадеме поддршка на кандидати кои може да победат како што е случајот со Куманово. Ние таму не влеговме во вториот круг, но гледаме дека врз еден од кандидатите се врши полициски притисок и нашите симпатизери ни даваат препорака да покажеме солидарност и да му помогнеме на тој кандидат, рече Милошоски.