Бујар Османи од Демократската унија за интеграција во своето денешно излагање во емисијата „360 степени“ на Алсат ја нарече непринципиелна соработката меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Алијансата за Албанците и Алтернатива. Според него, оваа соработка е направена од „фрустрации и потреба од моќ“.
-Оваа коалиција сега се рефлектира во поддршка на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ од Алијансата за Албанците во Кичево, против кандидатот на ДУИ, другиот во Брвеница, против независен кандидат-, рече меѓу другото Османи.
Тој, пак, ја оцени како фундаментална коалицијата со СДСМ и истакна дека оваа соработка ќе продолжи особено во Град Скопје, каде ДУИ ќе го поддржи кандидатот на СДСМ, Петре Шилегов.
-Сметаме дека на Скопје му треба континуитет, бидејќи се покажа дека можеме да имаме градоначалник кој знае да инвестира подеднакво во сите области и затоа го поддржуваме кандидатот Петре Шилeгов за уште еден мандат за Град Скопје, rече Османи.
Според Османи, албанските опозициски партии водат битка кој ќе биде прв во опозицијата, бидејќи рече дека гласовите што ги освоиле во првио круг од локалните избори се историски најмалку гласови што некогаш ги добила албанска опозиција.
„Во албанскиот блок, епилогот на локалните избори се одвива во втора лига. Сега битката е кој ќе биде првиот во опозицијата…бидејќи навистина резултатите на албанската опозиција се најниски во историјата на албанските опозиции. Имајќи предвид дека ниту ДПА во своите најтешки денови, кога била главна опозициска партија ги немала овие бројки од 49 илјади гласа. Секогаш имало околу 60 илјади гласа, затоа оваа битка не може да се одрази во првата лига на централно ниво, туку е битка меѓу опозициските партии кој сега ќе биде првиот во опозицијата“, рече Османи.