Филмот за Бонд треба да инкасира 900 милиони долари за да има заработка

Новиот филм за Џејмс Бонд имаше доста долг пат да стигне до големото платно. Претходно беше поставен за премиера во април 2020 година, пред да стане првиот голем блокбастер одложен поради пандемијата со Ковид-19. По уште неколку одложувања, „Не е време за умирање“ конечно беше премиерно прикажан во американските кина пред две недели, најавувајќи го крајот на Бонд-ерата на Даниел Крег.

Од режисерот и ко-сценарист Кери Џоџи Фукунага, „Не е време за умирање“ го дава она што многумина го сметаат за задоволително испраќање за Крег.

Филмот открива дека Бонд живее мирно во пензија пред да му пријде еден стар пријател, агентот на ЦИА Феликс Лејтер (Џефери Рајт) и неговиот колега Логан Еш (Били Магнусен) за да го пронајдат Валдо Обручев (Дејвид Денчик), киднапиран научник од МИ6. Последната мисија на Бонд го запознава со новиот 007, Номи (Лашана Линч), со чудна оперативка на ЦИА Палома (Ана де Армас), и можеби неговиот најдостоен противник досега, Луцифер Сафин (Рами Малек).

No Time to Die дебитираше со 56 милиони долари на првиот викенд дома, бројка што би била многу поимпресивна ако не се земе предвид продукцискиот буџет на филмот од 250 милиони долари, заедно со уште 100 милиони долари потрошени за продолжена маркетинг кампања.

Сега, новата анализа на киноблагајните од „Вараети“ сугерира дека филмот на Фукунага ќе треба да заработи минимум 800 долари на глобално ниво за да се исплати, иако во извештајот се тврди дека таа бројка  веројатно е поблиску до 900 милиони долари.

За филм за кој се предвидува да заврши далеку зад заработувачката на своите непосредни претходници, тоа може да биде предизвик.

Треба да знаете
Последни објави