Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети, го спореди напаѓачот на неговиот тим Виктор Осимен со напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе.
– Ако треба да изберам еден од нив, би го избрал Осимен. Тој е незапирлив бидејќи може да ја заземе топката во наизглед невозможни ситуации и да постигне гол. Во моментов сигурно би го избрал Осимен, изјави Спалети.
Дваесет и двегодишниот Нигериец оваа сезона постигна пет гола на седум натпревари во Серија А.
Наполи кој во моментов е лидер во италијанското фудбалско првенство со максимални осум победи, утре гостува во Рим кај Рома.