Кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс, Ентони Дејвис и Двајт Хауард имаа кошкање за време на тајмаутот ноќеска на натпреварот со Феникс санс.
До инцидентот дојде кога Дејвис почна да му кажува дофрла нешто на Хауард, кој седеше на клупата, а потоа стана по што почнаа меѓусебно туркање. Соиграчите мораа да ги разделат двајцата кошаркари за да не дојде до поголем инцидент.
Пред пресметката веднаш по прекинот на играта, Дејвис се обиде да го привлече вниманието на Хауард, но тој го игнорираше и отиде до клупата.
More complete video of Howard-Davis altercation, starting from walking off the court when the timeout is called. pic.twitter.com/3JQ7FaTWtb
— Matt Petersen (@TheMattPetersen) October 23, 2021
Калифорнијците го доживеаја и вториот пораз во два меча на стартот од сезоната (105:115) од Феникс. Со оглед на атмосферата во тимот, лошиот старт на еден од фаворитите за шампионската титула, не е изненадување.