„Како независни кандидати немавме можност да се претставиме особено на националните медиуми, бидејќи законот е таков. Немавме никакво рекламирање. Ова е првпат во историјата на државата да имате кандидат од актуелна политичка партија којашто буквално не се согласува со раководството и излегува како независен кандидат и победува во првиот круг на избори со 22 или со 1 глас разлика, сепак тоа е победа. Се заблагодарувам на сите гласачи кои излегоа на избори, особено на оние што ми ја дадоа поддршката, а дополнително ќе се обидам да ја добијам поддршката и од останатите кумановци, бидејќи концептот „За наше Куманово“ има концепт како да продолжи да го развива градот во една модерна и урбана средина“, рече Димитриевски.
Тој потенцираше дека во изборниот процес континуирано се употребувани државни средства, и употребен е целиот државен апарат вклучувајќи го Министерството за внатрешни работи, како и многу лица вработени во Министерството, присутни континуирано пред гласачките места, големи изборни нерегуларности за коишто сфатиле дека каде и да остават забелешки по однос истите, системот за жал не функционира целосно.
„За МВР правилата во оваа држава не важат, бидејќи самата кампања континуирано се турка на тој начин со голем број на лица вработени во МВР, некои од нив и директно вработени кај министерот за внатрешни работи во личното обезбедување, но сепак граѓаните победија и повторно сум сигурен дека граѓаните ќе победат на 31-ви октомври“, додаде Димитриевски.