Италијанскиот фудбалски стручњак Антонио Конте може да го предводи Манчестер јунајтед, пренесува „Дејли стар”.
Според британскиот медиум, екстренерот на Јувентус, Интер и Челзи е заинтересиран да работи за клубот од „Олд трафорд” доколку сегашниот тренер Оле Гунар Солскјер добие отказ.
Последната работа на Конте беше Интер, со кој стана шампион на Италија за 2020/21 година. По завршувањето на сезоната, тој го напушти клубот поради несогласување со клупската политика.