На 22.10.2021 во 13.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопат Скопје – Велес се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „дукати”, со скопски регистарски ознаки, управуван од Н.Ј.(51) од Скопје и патничко возило „ауди”, со косовски национални ознаки.
Автомобилот по незгодата го напуштил местото на несреќата. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а со телесни повреди се здобила сопатничката на мотоциклот А.Ј.(20) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза” во Скопје.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.