Христо Кондовски е човекот со кој Битола ќе биде во сигурни раце. Човек кој има импозантни резултати во стопанството и кој има капацитет да ја води напред Битола. Развојот на Битола продолжува со обединување со граѓаните, со сите демократски и прогресивни групи и поединци. Само така ќе продолжи напредокот на општината, ќе имаме градоначалник ЗА граѓаните. Битола заслужува да оди напред и да се развива, порача генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски од битолски Широк Сокак.
“ Направивме голем број истражувања за да го одредиме профилот на градоначалник кој граѓаните го посакуваат. Знаете што бараат граѓаните? Достапен човек и човек од акција! Христо ги има и едното и другото и затоа сум убеден, не заради тоа што математички бројките покажуваат дека левоориентираните, граѓански слободоумните, луѓето кои не сакаат притисоци, уцени, закани кои што не сакаат да се врати времето на Никола Груевски, а добро го паметат овде во Битола, се многу побројни во Битола. Сите тие се на иста страна. Јас ќе се сретнам со сите овие граѓани, со сите што сме ги поттикнале со нашите политики да ги воочат разликите. Нема веќе режим, има слобода и деморкатија. Нема влечење за уши, нема гласачи од Пустец, нема ВМРО МВРО, туку вредности кои не обединуваат да продолжиме напред”, рече Николоски.
И во вториот изборен круг продолжуваме со позитивна кампања, но сега со уште поголема мотивација, уште поголем порив, затоа што таа сила ни ја дава обединувањето. Тоа е нашата предност, порача кандидатот за градоначалник, Христо Кондовски.
“ Нудиме програма за економски развиена Битола, град по мерка на човекот, хумана заедница за сите генерации. Граѓаните тоа го бараат од нас и затоа гарантираме дека 100% ќе ја исполниме програмата. Преку 22 големи проекти од кои 10 се капитални, но и голем број месни проекти, ќе донесеме прогрес во секое населено место во Општина Битола. Поддршката од централната власт е дополнителна гаранција дека во Битола ќе се вложува. Тоа е гаранција дека Битола ќе оди напред. Затоа ги повикувам битолчани масовно да излезат на избори и да дадат поддршка токму за напредок на Битола”, рече Кондовски
Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски порача дека овие избори се пресудни и историски и дека од резултатите на 31-ви октомври зависи дали ќе го задржиме европскиот тренд и напредокот или ќе се вратиме назад во времето на режим и изолација.
“ За 100 евра пораснаа и просечната и минималната плата, имаме историски најниска стапка на невработеноста од 15,9 отсто, за 300 % се зголеми социјалната помош, 36 милиони евра се вратија назад кај граѓаните преку Мој ДДВ. Покажавме дека централната и локалната власт кога работат со здружени сили и имаат иста цел, го даваат најдобриот резултат. Покажавме дека сѐ може да се реализира, дека за сѐ има пари, ако правилно се насочат. 50 милиони евра од буџетот ги насочивме кон општините за да се раздолжат и обезбедивме дополнителни 80 милиони за проекти на локално ниво. За 4 години реализиравме над 7.000 проекти на локално ниво. Носевме храбри одлуки, ги исполнивме стратешки цели – денес сме членка на НАТО, денес после 20 години имаме успешен попис”, рече Николовски.
Овие успеси не смее да сопрат, развојот треба да продолжи. А ќе продолжи само ако се сме обединети, сплотени и со иста цел – за развој наместо за застој, за слобода и демократија наместо за режим, за проекти за граѓаните а не за жални врби и криминални тендери. Ве повикувам на 31-ви октомври да се обединиме и заеднички околу оваа наша јасна цел. Да продолжат да растат платите, пензиите, да се градат патишта, училишта, градинки,паркови…Верувам дека со заеднички сили, обединето и со владините коалициони партнери, поддржувачи, ќе ја извојуваме сигурната победа и овде во Битола. Верувам дека битолчани знаат да направат разлика и да го изберат Најдоброто. Да се обединиме и да гласаме да продолжи развојот на Битола. Да гласаме за бројот 12 и за Христо Кондовски, порача Николовски.