Петкоски: Проблемот е во удбашите во Македонија, а не во „фашистичка“ Бугарија

Вклучувањето на Бугарите во Уставот ќе биде точката од која ќе започне европеизацијата на Република Северна Македонија, изјави Димче Петкоски во интервју за БГНЕС.

Петкоски е еден од основачите на Здружението за македонско-бугарско пријателство и основач на партијата Граѓанско демократска унија, наставник по филозофија.

-Таканаречениот „спор“ со Бугарија е всушност отпорот на група олигарси кои сакаат да го држат ПЦМ како заложник. Ги контролираат сите институции и ресурси, сметајќи ги за наследни и стравуваат дека може да ги загубат. Дискриминацијата на Бугарите во РСМ започнува со тоа што тие не можат да се вработат во државните институции и оди дотаму што нема ни директна автобуска линија меѓу Скопје и Софија. Во РСМ денеска забележуваме систематско искривување на вистината, гледаме како агресивно се фалсификува културното наследство на Бугарија. Целта е да се избрише ова наследство, да се избрише колективната меморија на граѓаните кои се чувствуваат како Бугари, вели Петкоски во интервју за БГНЕС.

 

Треба да знаете
Последни објави