Едно лице загина, а седум други се повредени во оружен напад за време на студентска забава во близина на Универзитетот во Форт Вали, Џорџија, соопшти локалниот огранок на каналот Фокс њуз, повикувајќи се на податоци од полицијата.
Според органите на редот, некои од повредените се хоспитализирани но засега нема информации за нивната состојба.
Не се соопштуваат ниту повеќе детали за причината за пукањето.
Полицијата ги повика локалните жители да го избегнуваат местото на инцидентот.