Лице вооружено со нож и се заканило на полицијата, извикувајќи „Алах Акбар”, пред да биде застрелано од полицијата во Коломб во близина на Париз, јави дописникот на МИА.
Човекот кој беше застрелан од полицијата во Коломб, откако упати закани, не бил заведен во датотеката како С (радиказилизиран). Тој бил погоден во карлицата, а им подлегнал на повредите „и покрај обидите за реанимација од страна на итните служби”.
Триесет и едно годишниот маж и бил познат на полицијата поради различни прекршоци. Отворена е истрага од страна на обвинителството на Нантер.
Министерот за внатрешни работи Жералд Дарманиан во порака на Твитер ја пофали „ладнокрвноста на полицијата”.
– Повеќе од кога и да е, мора да останеме будни, и повеќе од кога и да е, спроведувањето на законот е во првата линија. Им благодариме за нивната храброст, напиша тој.