Плејмејкерот средбата ја заврши со 23 поени и 14 асистенции, со што ја мина границата од 20.000 поени во кариерата и стана единствен во најсилното кошаркарско натпреварување во светот што ја надминал оваа бројка, а истовремено имал и повеќе од 10.000 асистенции.
Пол беше лидерот на Феникс во меч во кој во третиот период водеше и со 32 поени разлика, што беше и една од причините за тепачката на клупата на „езерџиите“, кај кој Леброн Џејмс постигна 25, а Расел Вестбрук 15 поени, 11 скока и девет асистенции.
Пол, кој е 11-кратен учесник на Ол-стар, е петти на сите времиња според асистенции и 47-ти играч кој стигнал до платото од 20.000 поени, но е првиот што ги преминал двете статистички граници. Пред Пол, Оскар Робертсон беше најблиску до пробивање на бариерата од 20.000 / 10.000, а на крајот му беше ускратен овој дострел со тоа што остана „краток“ со 9.887 асистенции. Џон Стоктон, исто така се приближи со 19.711 поени.