На 22.10.2021 во 17.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски” бил донесен малолетник со телесни повреди од остар предмет. По преземени мерки било констатирано дека настанот се случил околу 16.00 часот на ул.„Џон Кенеди”, а малолетникот бил повреден од друг малолетник поради расправија за девојка.
Според полицијата, околу 19.20 часот во Полициската станица Аеродром, професорка во средно училиште пријавила дека двајца нејзини ученици, поради претходно несогласување, биле физички нападнати од неколку лица.
Од МВР информираат и дека денеска во 04.50 часот во СВР Скопје, С.Б.(47) од Скопје пријавил дека на 22.10.2021 околу 23.30 часот на ул.„Методија Андонов Ченто”, додека се возел во автобус, бил физички нападнат од неколку лица.
Се работи на расчистување на случаите.