Битола мора да биде град по мерка на човекот, а тоа значи почитување на највисоките еколошки стандарди. Токмузатоа со личен пример покажуваме како и новите генерации да ја сакаат планината и да ја чуваат чиста, рече денеска Христо Кондовски, кандидат за градоначалник на СДСМ за Битола кој се одѕва на повикот одграѓанската иницијатива „Поинаку“ и се приклучи на денешната еколошка акција на ски-патеката Копанки.
„Пелистер е едно од најголемите национални богатства во нашата држава. Планината со оваа еколошка акција која ја спроведуваат сите граѓани без разлика на политичка партија или организација, покажува дека може да се обединиме кон една заедничка цел, а тоа е почиста животна средина. Тоа е показател дека и во иднина,како идна локална самоуправа ќе се обединуваме за таа цел, односно граѓанинот ќе ни биде во прв ред, да имаме чиста животна средина и високи еколошки стандарди за секого. Благодарение на РЕК Битола, на ФОД, и Хотелот Молика изведено е плато кое ќе претставува значајно место за уживање на посетителите на ски-патеката Копанки. Децата ќе уживаат во детскиот ски-лифт, а репарирана е и патеката која качува горе до Копанки и ќе можат посетителите и уживателите во скијањето да се рекреираат. Ова покажува самоедно -дека се обединуваме кон заедничка цел и како идна локална самоуправа ќе работиме за почиста и поздрава Битола, ќе го развиваме туризмот во Потпелистерието и ќе се грижиме за ски-патеката Копанки“, рече Кондовски.
Директорот на Хотел Молика, Николче Каровски, потенцираше дека новините кои ќе бидат понудени оваа зимска сезона ќе придонесат за максимално реализирање на потенцијалот кој го има Пелистер и ски-центарот Копанки.