Во гевгелиското село Мрзенци вчера била пронајдена неексплодирана граната од Првата светска војна.
Од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување било констатирано дека станува збор за неексплодирана граната со калибар од 105 мм од Првата светска војна. Гранатата била безбедно подигната, а увид извршила екипа од ОВР Гевгелија.
Во атар на с.Алинци, прилепско, Б.К.(70) од Прилеп пронашол неексплодирана граната.
Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно ја подигнал гранатата и констатирал дека станува збор за артилериска граната од 155 мм од Првата светска војна. Увид бил извршен.