Вселенскиот патријарх Вартоломеј е префрлен во болница откако му се слошило непосредно пред да замине на богослужба во црквата Света Софија во Вашингтон.
Според „Катимерини“, патријархот се разболел поради долгиот лет и големиот број обврски што ги имал при пристигнувањето во САД.
Лекарот го советувал да мирува и како мерка на претпазливост бил префрлен на надзор во Универзитетската болница „Џорџ Вашингтон“, јавува Атинско-македонската новинска агенција.
Патријархот Вартоломеј по 12 години е во посета на САД.