Реал Мадрид како гостин славеше со 2:1 во „Ел Класико“ против Барселона. Ова е четврта победа во низа за „Кралевите“ во Ла Лига, а пет меча во пресметките со најголемиот ривал немаат пораз. Последен пат Барселона го совладата Реал Мадрид во 2019-та година. Давид Алаба му донесе предност на Реал Мадрид со фантастичен гол по една контра во 32-та минута.
Претходно Дест промаши чист зицер, па казната стигна, а веднаш по голот на Реал и Пике имаше одлична шанса, но неговиот удар со глава заврши замалку крај голот. Во вториот дел, Барселона се обидуваше да ја преземе иницијативата на теренот, успеа во тоа, но сепак не создаваше шанси. По една таква ситуација, кога имаа шанса, а не погодија, во 93-та минута Реал Мадрид направи брза контра по што поведе со 2:0 преку Лукас.
Со оглед на тоа дека судијата го продолжи мечот седум минути имаше и време за напад за Барселона. Токму во тој напад го постигнаа почесниот погодок, а стрелец беше Серхио Агуеро на асистенција на Дест. Аргентинецот го постигна својот прв гол во дресот на Барселона во Ла лига, а како што е познато ова е прв официјален меч за него бидејќи беше повреден.