Денеска, советникот на СДСМ и коалицијата Самет Салиевски бил физички нападнат од Реџеп Реџеповски, советник од тимот на Максим Димитриевски. Случајот е пријавен во СВР Куманово од страна на Самет Салиевски. На прес-конференција Салиевски изјави дека е нападнат само еден ден од официјалното објавување на коалицијата на Димитриевски со режимското ВМРО. И дека веднаш почнаа насилствата врз ромите коишто беа редовни во времето на режимот. Салиевски истакна дека ќе поднесе кривична пријава против напаѓачот и кривична пријава за клевета за Николај Павловски, портпарол на Димитриевски. “Ние се бориме никогаш повеќе Ромите да не не влечат за учи. Овој режим на Димитриевски е режим на Груевски. Ние Ромите сме мирни луѓе, но тимот на Димитриевски сака да ги продолжи насилствата врз Ромите.” Советникот Салиевски не сакаше да навлегува во деталите на насилството кое го извршиле врз него, апелираше надлежните институции да го расчистат случајот.