Во САД аплицирани речиси 413 милиони вакцини против Ковид-19

 Во САД  се аплицирани 412.856.169 дози вакцина против Ковид-19, а уште 503.521.625 дози се испратени во центрите за вакцинација. Ова го објавија американските центри за контрола и превенција на болести.

Најмалку една доза од вакцините била дадена на 220.145.796 лица, а 190.402.262 лица биле целосно вакцинирани. Податоците се за вакцините со две дози на Фајзер/Бионтех и за Модерна и вакцините со единечна доза на Џонсон и Џонсон.

Околу 13 милиони луѓе добиле засилувачки дози на вакцини Фајзер и на Модерна од 13 август, кога САД дозволија да им се даде трета доза на луѓе со компромитиран имунолошки систем, кои најверојатно ќе имаат помала заштита од вирусот.

Треба да знаете
Последни објави