Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска, по повод Денот на ОН, порача дека солидарноста е единствениот пат напред и дека вредностите врз кои се заснова Повелбата на ОН веќе 76 години – мир, развој, човекови права и можности за сите – немаат рок на траење.
Гутереш во пораката истакна дека ОН се формирани пред 76 години како носител на надеж за светот кој излезе од сенката на катастрофалниот конфликт.
Тој ги повика луѓето да се здружат за да одговорат на големите предизвици и да работат на постигнување на целите за одржлив развој.
– Со обезбедување за секој човек, насекаде во светот, пристап до вакцини против Ковид-19. Со заштита на правата и достоинството на сите луѓе, особено на најсиромашните и најзагрозените, со обидот да се запрат конфликтите кои оставаат лузни на нашиот свет, рече Гутереш.
Генералниот секретар на ОН додаде дека треба да се посветиме на борбата против климатските промени за да ја спасиме планетата и да го одржиме тој збор.
– Денеска кога го славиме Денот на ОН, нека не обединат овие идеали и нека не поттикнат целосно да го реализираме ветувањето, потенцијалот и надежта кои ги симболизираат Обединетите нации, нагласи шефот на на светската организација.