Макс Верстапен осмипат сезонава успеа да победи на трка од Гран При серијата во Ф1 шампионатот и да се зацврсти на првото место во генералниот поредок, пред неговиот голем конкурент, Луис Хамилтон.
Холанѓанецот кој тргна од пол-позицијата во Остин на трката за ГН на САД, ја загуби лидерската позиција уште по првиот свиок, дозволувајќи му на Хамилтон да ја поведе колоната. Во 11 круг Верстапен имаше прво влегување во боксот, а само три круга по него во пит-стопот влезе и Хамилтон, кому цело време му беше јасно дека е побавен од возачот на Ред Бул и излезе од боксот зад него.
До 27 круг Хамилтон континуирано ја намалуваше разликата со Верстапен доближувајќи му се на 3,3 секунди заостанување. Три круга подоцна Верстапен се изврти и излета од патеката, а Хамилтон вторпат влезе во боксот во 38 круг и остана зад Холанѓанецот.
Во последните 5 круга Верстапен се трудеше да го задржи возачот на Мерцедес на дистанца. Успеа да извози најбрз круг и се погружи Хамилтон да остане на безбедно растојание. Иако растојанието меѓу двајцата беше мало, во последните два круга светскиот шампион не успеа во нападите и Верстапен запиша нова победа.