Домаќините играа ужасно на денешниот меч, па примија гол по само пет минути преку Кеита, а Жота зголеми на 2-0 во 13. минута, по што до крајот на првото полувреме Салах со два гола зголеми на убедливи 4-0.
Ливерпул не запре со тортурата, па на стартот на второто полувреме зголеми на 5-0 преку Салах, по што Роналдо погоди за 1-5, но голот му беше поништен поради офсајд по прегледување на ВАР-снимката.
За да биде уште поужасно за „црвените ѓаволи“, Погба беше исклучен од мечот во 60. минута откако заработи директен црвен картон, но за нивна среќа мрежите тука прекинаа да се тресат, па Ливерпул на крајот славеше со 5-0.
Ливерпул со денешниот триумф се врати на втората позиција, па има 21 бод по девет одиграни меча, односно еден повеќе од Манчестер сити и еден помалку од лидерот Челси.