Денеска(24.10.2021) околу 12.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Л.Л.(35) и С.Т.(46), двајцата од Велес. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, куршуми калибар 6,35 мм, шприц со непозната течност, неколку дигитални ваги, пасош на име на друго лице и други предмети. Л.Л., исто така, се сомничи дека е сторител на кривично дело “разбојништво”. По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.