Коалицијата предводена од Саудиска Арабија, која се бори во Јемен, денеска соопшти дека во изминатите три дена убила повеќе од 260 бунтовници Хути во близина на стратешкиот град Мариб.
– Триесет и шест воени возила се уништени и повеќе од 264 бунтовници се убиени во напади во изминатите 72 часа во Ал-Џауба, на околу 50 километри јужно од Мариб, и во Ал-Касара на 30 километри северозападно, соопштија коалициските сили.
Хутите поддржани од Иран ретко ги коментираат жртвите, па западните медиуми не се во можност незавосно да го потврди бројот на загинати.