Армин Лашет, лидерот на германска демохристијанска партија (ЦДУ), денеска официјално ќе поднесе оставка од функцијата премиер на покраината Северна Рајна Вестфалија, јавува ДПА.
Лашет, кој во еден момент беше фаворит за наследник на партиската колешка Ангела Меркел на функцијата канцелар, но на парламентарните избори на 26 септември го постигна најлошиот резултат на ЦДУ досега.
Лашет (60), пренесе ДПА, најави дека ќе се повлече од функцијата премиер пред изборите во Бундестагот, дури и ако не стане следниот канцелар на Германија.
Лашет треба да остане вршител на должноста премиер се додека утре, на инагуративна седница на новиот состав на Бундестагот, не седне на своето место – пратеник.
Министерот за транспорт на Северна Рајна Вестфалија, Хендрик Вуест, се очекува в среда да биде избран за нов премиер на специјална седница на покраинскиот парламент.
Овој 46-годишен политичар во саботата беше избран за покраински лидер на ЦДУ во Северна Рајна-Вестфалија.