Конечно паднаа маските и „независноста” на Наташа Котлар пукна како меур од сапуница. Тонејќи во сигурен изборен пораз, Котлар ги отвори картите па на помош од врата до врата го викна Коце Трајановски, извршителот на Груевски кој е одговорен за масакарот на зеленилото и спроведувањето на криминалниот проект Скопје 2014, велат во реакцијата од оптинската организација на СДСМ Цента и додават:
-Ова ли се свежите кадри на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ? Неверојатно и дегутантно е истите луѓе со истите намери и криминални идеи повторно да ја бараат довербата на центарци.
Котлар треба да одговори на што ја советувал Коце Трајановски и каква улога му е ветена за поддршката?
ВМРО-ДПМНЕ буквално се нема сменето ни малку, истите луѓе кои го уништија Центар денес без срам повторно ја барааат довербата на граѓаните.
Во недела ги очекува уште еден сигурен пораз заради тоа што ги потценуваат граѓаните на Центар.