Анџелина Џоли (46) се појавила на црвениот килим во Рим за да го промовира својот нов филм. Облекла долг сребрен фустан, без прерамки, кој бил исклучително тесен и долг, додека за првпат ја надградила косата до половината. Сепак, најголемо внимание на црвениот килим привлекла нејзината придружничка: ќерката Шајло (15).
Облечена во црно мини-фустанче, патики со дезен, со комплицирана фризура и шминка, Шајло покажала дека е прекрасно девојче. Но нели до вчера Анџелина гордо зборуваше дека Шајло сака да биде момче? Дека ја викаат Џон?
Изгледа дека некој се премислил!
Ним две друштво им правела и Захара (16), најстарата ќерка на Анџелина Џоли, која и овој пат покажала дека има истанчен вкус за мода, појавувајќи се во долг бел фустан.
Анџелина изгледа сфатила едно нешто: за да заблеска на црвениот килим не ѝ треба подобра придружба од ќерките! Среќна и задоволна, и покрај комплицираната бракоразводна парница, Анџелина секаде со себе ги води своите деца.