Обединетите нации денеска го осудија тековниот воен удар во Судан и повикаа на итно ослободување на вршителот на должноста премиер на земјата и другите членови на владата.
Во денешната порака на Твитер, генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш истакна дека премиерот Абдала Хамдок и сите други официјални лица кои беа уапсени од суданските безбедносни сили рано утринава „мора веднаш да бидат ослободени”.
„Мора да има целосно почитување на уставната повелба за да се заштити тешко издејствуваната политичка транзиција”, напиша Гутереш, додавајќи дека „ОН ќе продолжат да бидат со народот на Судан”.