Овие избори се од исклучителна важност за нашите општини, за државата, затоа што исходот го трасира патот кон напредокот и развојот или кон враќање назад во мрачното режимско време.
Вистинскиот пат е со СДСМ, бидејќи изминатите четири години поставивме високи економски стандарди.
Минималната плата ја покачивме на 15.200 денари, а таа до пред четири години беше 9.000 денари.
Од први јануари минималната плата ќе биде 18.000 денари или триста евра согласно економските движења и растот на економијата.
Државниот завод за статистика објави дека просечната плата за август оваа година изнесува 28.642 денари, што е за четири отсто повисока од истиот месец од претходната година.
Тоа е вистинскиот пат по кој треба да се движи нашата земја, нашата економија.
За да продолжи овој тренд на економски раст и развој, за да продолжи помошта кон граѓаните, кон стопанството треба да се даде гласот за опцијата која води напред.
А опцијата која води напред е СДСМ и Коалицијата, тоа е најдоброто за нашите општини, за нашата држава.
Затоа на 31 октомври, гласајте за број 12, за да продолжи напредокот.