На Харисон Форд му ја вратиле кредитната картичка што ја загубил во Сицилија

Харисон Форд загубил кредитна картичка кога бил на кус одмор во Сицилија, Јужна Италија.

Ова се случило додека бил на пауза од снимањето на петтото продолжение на филмската сага „Индијана Џонс“. Но, поради доброто дело на германски турист, картичката му била вратена на холивудскиот ветеран.

Туристот ја пронашол во четвртокот, го забележал познатото име на актерот и ја предал на локалната полиција во Мондело, според „Асошиејтед прес“.

Крајбрежното гратче Мондело е всушност мала населба на градот Палермо, во Сицилија. Областа е позната по долгата песочна плажа и вилите во стилот на „Либерти“.

Полицајците му влегле во трага на 79-годишниот Форд и му ја вратиле кредитната картичка. Сè уште не е јасно дали воопшто бил свесен дека му ја нема.

Треба да знаете
Последни објави