Кандидатката за градоначалник на Скопје Данела Арсовска (моминско презиме Јовановска) од функција претседател на Сојузот на стопански комори ѝ овозможи на својата мајка Марика Јовановска да стане член на Државниот совет за статистика со официјален предлог во име на таа комора и на тој начин да зема по 10.000 денари од седница, посочи градскара организација на СДСМ на прес-конференција и приложи документи за тоа што го презентира во јавноста. Од партијата ги повикувааат антикорупционерите да го разгледаат овој случај кој според СДСМ е пример за непотизам.
Како докази беа приложени: номинацијата на Марика Јовановска, мајка на Данела Арсовска (со моминско презиме Јовановска), доставена до Илија Димовски, претседател на Комисијата за прашања на изборите и именувањата во 2019; биографија на номинираната од ССК Марика Јовановска, мајката на Данела Арсовска, која во 2019 е претседател на ССК; и извадок од Службен Весник бр. 107 од 28 мај 2019, со одлука за именување на членови на Совет за статистика, каде што како член е именувана Марика Јовановска, раководител на сектор за набавки во Титан, на предлог на Сојуз на стопанските комори на Македонија.
Според Градска организација на СДСМ, мајката Марика Јовановска станува член на Совет за статистика, на предлог на Сојуз на стопанските комори на Македонија, кога нејзината ќерка Данела Арсовска е претседател на ССК.