Ве информираме дека министерот за транспорт и врски,Благој Бочварски, оствари работна средба со в.д. амбасадорот на Катар во Република Северна Македонија, Џасим Ал-Тани. На средбата министеротБочварски потенцираше за потребата од обнова на авиолинијата Доха (Катар) – Скопје.
Исто така, министерот ги претстави инфраструктурните проекти што се реализираат во државата.
„Соработката меѓу двете држави е многу важна за поврзување на луѓето и економијата. За нас е посебно значајно да се обнови линијата Скопје – Доха, заради одржување на бизнис релациите меѓу двете земји. Имаме добра соработка со Катар, но сметаме дека имаме уште потенцијал оваа соработка да се зголеми.“ – изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.
На средбата министерот упати повик до инвеститорите од Катар да ги разгледаат условите за инвестирање во Република Северна Македонија и да ги искористат предностите што ги нуди земјата во регионот.