Едно јаболко дневно е одлично за здравјето, три јаболка за линијата, а колачи со јаболка – за душата

„Едно јаболко дневно го брка лекарот од вашиот дом“, вели една народна мудрост што ја потенцираат многу лекари и нутриционисти, поради опсегот на вредни хранливи материи што ги содржи ова овошје.

Поради влакната што ги содржи, јаболкото го намалува холестеролот, и е добро за срцето. Помага за откиселување на телото и урината, го чува здравјето на бубрезите, а корисно е и за превенција од дијабетес.

Во есен можете да уживате во вкусот на јаболката кои сè уште можете лесно да ги набавите. А уште повкусни се колачите. Следниве два се наједноставните рецепти за подготвка на овој десерт.

Бабин колач со јаболка

Потребни состојки
3 јајца, 12 лажици шеќер, 12 лажици масло, 12 лажици млеко, 15 лажици брашно

Подготовка
Направете смеса од јајца, шеќер, брашно, масло, млеко и прашок за печиво. Јаболката изрендајте ги и додадете цимет. Половина од смесата излејте ја во калап и ставете да се пече 15 минути на 180 степени. Потоа извадете од рерна, наредете рендани јаболка врз кората, а врз нив втората половина од смесата. Вратете во рерна и печете уште десетина минути. Откако ќе се излади, печениот колач наросете го со шеќер во прав.

Превртениот колач со јаболка

Потребни состојки
3 јајца, 4-5 јаболка, 75 гр путер, 7 лажички шеќер, 3 лажици кисела павлака, кора од лимон, 1 лажичка екстракт од ванила, 1 лажичка цимет.

Подготовка
Загрејте ја рерната на 180 степени. Во сад за печење нанесете путер. Исечете ги јаболката на парчиња и исцедете лимон на нив. Во сад растопете 50гр путер, додадете 5 лажици шеќер и гответе додека не се растопи шеќерот. Ставете ја смесата во садот за печење и наредете ги јаболката. Додадете 2 лажици шеќер и 1 лажица путер исечкан на мали парчиња. Садот ставете го во рерна додека го подготвувате останатиот дел од колачот.
Додека јаболката се печат, подгответе го тестото. Одвојте ги белките и жолчките. Во еден сад ставете 75g путер, 5-те лажици шеќер и мешајте додека не добиете компактна смеса. Во неа додадете ги жолчките, киселата павлака, кората од лимон и екстрактот од ванила. Мешајте додека состојките не се соединат. Изматете ги белките и додадете ги на смесата. Извадете ги јаболката од рерна и наросете ги со цимет. На нив додадете ја смесата и печете 25 – 30 минути додека не добиете златножолта боја.

Треба да знаете
Последни објави