Полицајци со штитови го бранеа напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Нејмар при ударите од корнер, синоќа на натпреварот (0:0) од 11. коло против домаќинот Марсеј.
Органите на редот го заштитија играчот од навивачите на домашната екипа кои фрлаа разни предмети од трибините.
-Лудило во Марсеј ??? – стои на видеото објавено на социјалните мрежи на кое се гледа на што е изложен Нејмар при ударите од аголот.
Ривалството меѓу ПСЖ и Марсеј е едно од главните конфронтации во францускиот фудбал, а натпреварите меѓу овие екипи се нарекуваат „Ле Класико” или „Дерби на Франција”.