Беретини се квалификува на завршниот АТП турнир

Седмиот светски тениски рекет Матео Беретини се пласираше на завршниот АТП турнир кој ќе се одржи во Торино од 14 до 21 ноември. За Италијанецот ова ќе биде второ учество на турнирот со кој се затвора сезоната.

Финалистот од Вимблдон е шестиот учесник за завршниот АТП турнир.

Претходно пласман во Торино изборија: Новак Ѓоковиќ, Данил Медведев, Стефанос Циципас, Александар Зверев и Андреј Рубљев.

 

Треба да знаете
Последни објави