(Видео) Јокиќ не го спаси Денвер од пораз, а Марканен го имаше потегот на мечот во тиумфот на Кливленд

Забивањето на Финецот Лаури Марканен преку МВП играчот за мината сезона, Србинот Никола Јокиќ на дуелот Деневер – Кливленд според американските медиуми е потегот на денот во кошаркарската НБА каде се одиграа  девет натпреаври. Јокиќ беше најдобар во својот тим, но не му помогна на Денвер да го избегне домашниот пораз од Кливленд (87:99).

https://youtu.be/_8IM28lejkQ

Јокиќ вообичаено беше најдобар поединец во својот тим, завршувајќи го дуелот со 24 поени и 19 скокови, додека Марканен кој го имаше потегот на мечот заврши само со 12 поени.

Откако го победи Бруклин, Шарлот беше блиску до продолжување на серијата против Бостон, но го загуби натпреварот по продолжение (129:140). Тејтум со 41 и Браун со 30 поени се истакнаа во победничката екипа.

Перфектниот учинок го задржа Чикаго, кој утринава победи против Торонто (108:111) и има четири победи од исто толку натпревари. ДеРозан со 26 и ЛаВин со 22 поени се најзаслужни за новиот триумф на Булс, кој немаа ваков почеток на сезоната уште од времето на Мајкл Џордан.

Резултати: Шарлот-Бостон 12:140 (продолжение), Индијана-Милвоки 109:119, Атланта-Детроит 122:104, Бруклин-Вашингтон 104:90, Мајами-Орландо 107:90, Торонто-Чикаго 108:111, Минесота-Њу Орлеанс 98:107, Денвер-Кливленд 87:99, Л.А Клиперс-Портланд 116:86.

Треба да знаете
Последни објави