Македонската женска фудбалска репрезентација за играчи до 19 години, со победа против Кипар (4:2) го заврши квалификацискиот турнир за ЕП кој се одржа во Белорусија. Македонските девојки со скор од две победи и пораз на трите меча се најдоа на второт место во групата, но поради лошата гол-разлика не продолжуваат да разигруваат во баражот за пласман на завршницата.
Избраничките на селекторот Астрит Мерко денеска ги победија врсничките од Кипар со 4:2, иако по првото полувреме противникот водеше со 2:1. Кипар имаше предност од 2:0, со голвите на Кириакиди и Замани во 21 и 24. минута. Николовска во 35. минута успеа да намали, и тоа беше резултатот од првиот дел. Големиот пресврт дојде во второто полувреме со два гола Викторија Недева за 3-2, а Радица Велковска во 90 минута го потврди триумфот.
Македонската селекција покрај Кипар ја победи и селекцијата на Фарски Острови, а загуби од Белорусија која заврши како првопласирана со максимален учинок.