ВМРО-ДПМНЕ не може да ги разбере живите уметници и живата култура и затоа единствен нивен проект од културата беше Скопје 2014, а единствениот нов фестивал во Скопје во нивно време беше Сахара Мировниот Фестивал на Субрата Рој. Бесмислено е ВМРО-ДПМНЕ да ги критикува живите уметници во Скопје, кога помина 12 години градејќи споменици на војсководци и политичари од минатото, како и прелетувајќи ги со стиропор и барок зградите од модернизмот во Скопје, се вели во реакцијата на градската порганзација на СДСМ и додават:
Шилегов и Град Скопје се пример за квалитетни културни политики во време на пандемија. Градот Скопје и неговите културни институции работеа во текот на целата пандемија, под посебни протоколи, сите настани и фестивали се одржаа со уште поквалитетна програма од онаа пред пандемијата. Град Скопје го спроведе проектот „Култура во Време на Корона“ со којшто на повеќе од 200 невработени уметници во Скопје им се овозможија настапи сред карантин со солидарен, социјален и фиксен хонорар за нивниот ангажман. Овие настани се одржуваа на повеќе од 30 локации во сите скопски општини без исклучок и Данела Арсовска и Христијан Мицкоски со сигурност уживаа во нивните настапи.
Градска организација на СДСМ