Интегрален текст од изјава Иван Јорданов, градоначалник на општина Штип
Како што најавивме во време на финансиска криза ги кратиме и ги намалуваме непродуктивните трошоци. Од денес па во наредниот период јас како градоначалник, но и идните функционери под локална самоуправа, идните директори на јавните претпријатија нема да користат службени возила. И на овој начин истите возила ќе ги ставиме во функција на службите на Општина Штип за да бидат сервис према граѓаните.
Со ова ги кратиме непродуктивните трошоци, но и ја подобруваме функционалноста на Општината.