Адел сака Идрис Елба да биде следниот Џејмс Бонд

Британската поп ѕвезда Адел откри дека би сакала да го види Џонатан Мејџор да го замени Даниел Крег како 007, но бидејќи тој е Американец, нејзиниот втор избор е Идрис Елба, за кого претходно се шпекулираше дека ќе ја преземе култната улога на таен агент во блокбастер серијалот.

Зборувајќи за „Вог“ за нивната серија „73 прашања“, британската хитмејкерка и добитничка на „Греми“ рече: „Мислам дека е тешко, има многу различни избори и работи. Но, би сакала Џонатан Мејџор да биде следниот Бонд. Не знам дали тоа е дозволено бидејќи е Американец. Затоа, мислам дека Идрис Елбаби бил добар избор“.

Британскиот актер ги избезуми фановите уште во 2018 година, кога објави селфи на Твитер со натпис „Се викам Елба, Идрис Елба“, што предизвика шпекулации дека тој е еден од наследниците на Крег. Сепак, тој брзо ги отфрли гласините.

Треба да знаете
Последни објави