Во синоќешниот состанок на Централното претседателство на АлтернАтивА, меѓу другото, беше дискутирано и за темата на вториот круг на локалните избори.
Притоа, АлтернАтивА уште еднаш ја изрази својата потполна поддршка за кандидатите на коалицијата АлтернАтивА & Алијанса за Албанците во општините Струга, Дебар, Врапчиште, Боговине, Теарце и Чаир и упати повик за мобилизација на сите енергии и сили за донесување на очекуваните промени и во овие општини.
Освен ова, на состанокот на Централното претседателство на АлтернАтивА се дискутираше и за односот кон вториот круг во општините во кои коалицијата ААА&АА нема свои кандидати. Имајќи во предвид дека тие се кандидати на партиите од власта, додека АлтернАтивА е опозициска партија, Централното претседателство одлучи АлтернАтивА да остане конзистентна во претставување на опозицискиот глас, па затоа нема да упати повик за подржување на некој одреден кандидат во тие општини. Повикот на АлтернАтивА е секој гласач да одлучи со својата совест и во согласност со своите локални интереси за кандидатот кој ќе го гласа, додека гласачот на АлтернАтивА секогаш ги има во предвид и програмските определби на партијата.
АлтернАтивА им посакува успешно учество на учесниците на изборите, а останува посветена на победата на коалицијата ААА&АА.