Тренерот на Арсенал, Микел Артета ја коментираше подготвеноста на напаѓачот Пјер-Емерик Обамејанг.
– Не би рекол нешто посебно доколку Обамејанг само постигне гол, тоа е негова работа. Сега покажува нешто што никогаш не сум го видел. Се издвојува по тоа како трча, како врши притисок, примањето на топката, движењето на теренот. Не стои и не чека прилика да постигне гол. Ми се допаѓа оваа верзија на Обамејанг, изјави Артета за „Скај спортс”.
На осум натпревари во Премиер лигата оваа сезона, Обамејанг постигна четири голови и една асистенција.
Арсенал се наоѓа на 10. место во поредокот со 14 бодови.