Гимназија Сами Фрашери и средното техничко училиште нема елементарни услови за учење, нема услови за изведување на настава. Самото училиште излегува на главната сообраќајница спротивно за Законот за средни училишта. Проблем кој се провлекува наназад години и години. Како СДСМ и коалиција ветуваме пред граѓаните дека локалната самоуправа ќе изготви проект и дозвола за градба и ново училиште се со цел наставниците да имаат модерни услови за образованието во Куманово. Самите ученици и граѓани ќе одлучат каде треба да биде лоцирано училиштето. Ние не можеме да наметнуваме решение, туку самите граѓани да ги наметнуваат решенијата на општината.
Реализација на проектот ќе биде преку Министерство за образование, со тоа што со донесување на буџет за 2022 година ќе бидат предвидени средствата за изградба на модерни училишта. Ние не можеме да зборуваме за дигитализација на училиштата а да немаме елементарни услови за учење. Овие средства од училиштето не влегуваат во 6.5 милиони евра што во наредните 4 години ќе ги донесеме за образованието со кои ќе ги реконструираме сите училишта во Куманово, ќе изградиме нови спортски сали во училиштата и модерни услови за одвивање на наставата.