Климатските промени и пчеларството, одржливо пчеларство и методи, се дел од темите кои ќе бидат опфатени на денешното предавање „Одржливо пчеларство – искуства и практики”.
Предавач ќе биде Боштјан Ноч, експерт за пчеларство, претседател на пчеларското здружение на Словенија и иницијатор на Светскиот ден на пчелата.
На настанот ќе се обратат словенечкиот амбасадор во Скопје Милан Предан, министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, професор Миле Маркоски, продекан за наука и соработка со стопанство и развој од Факултетот за земјоделски науки и храна и Марјана Шушлевска, тим лидер на Програмата на зачувување на природата во Северна Македонија.
Учесниците и јавноста преку предавањето на тема „Одржливо пчеларство – искуства и практики” ќе се информираат повеќе околу пчеларството преку споделување на искуството на Словенија, техниките и практиките за одржливо пчеларство, начинот на кој државата го помага и поддржува пчеларството, влијанието и последиците од климатските промени и прогнозите за иднина.
Организатор е Амбасадата на Република Словенија во Северна Македонија, во соработка со Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка, координирана од Фармахен – Скопје.