Канцеларијата на ИТА Скопје – Одделот за промоција на економската соработка при Амбасадата на Италија во соработка со Тинекс маркетите традиционално по шести пат организира промоција на италијански прехранбени производи и пијалаци, од 27 октомври до 7 ноември во 15 маркети на Тинекс, од кои 11 во Скопје а останатите во Куманово, Битола, Охрид и Струмица. Во промоцијата е вклучена и on line продажбата e-tinex.
Под логото The Extraordinary Italian Taste ќе бидат промовирани 77 врвни италијански брендови со околу 1000 прехранбени производи и вина кои ќе можат да ги задоволат различните вкусови на потрошувачите. За секоја сметка од најмалку 1000 денари од производите вклучени во промоцијата купувачите ќе добијат подарок.
Промотивните и маркетинг активности имаат за цел зајакнување на имиџот на италијанските прехранбени производи и вина, приближување до купувачот, како и овозможување на влез на нови италијански производи и вина и нивно позиционирање на пазарот.
Македонија е нето увозник на прехранбени производи: увозот на прехранбени производи и пијалоци за потрошувачка во 2020 година изнесува 664,5 милиони евра (-0,93% во однос на 2019 година). Во структурата на македонскиот увоз на прехранбени и пијалоци за 2020 година, преовладуваат (по редослед на важност): месо и месни производи (134 милиони евра), овошје и зеленчук (101 милиони евра), житарки и препарати од житарки (96,7 милиони евра), кафе, чај и зачини (82 милиони евра) и пијалоци и тутун (84,8 милиони евра). Побарувачката за италијански прехранбени производи во Македонија постојано расте, вредноста на увозот е удвоен во последните 5 години. Увозот на производи за храна и пијалоци од Италија во 2020 година изнесува 22 милиони евра. Во структурата на увозот преовладуваат кафе, чај и зачини, пекарски и скробни производи, животински или растителни масти и масла, месо и производи од месо, млеко и млечни производи, пијалоци, оцет, масло , какао и неговите преработки.
Во 2020 година Италија го зазема седмото место на рангирањето на тговски партнери на Македонија со учество од 3,6%, трговска размена во вредност од 481,9 милиони евра.