Дефанзивецот на францускиот фудбалски гигант Пари Сен-Жермен, Серхио Рамос денеска треба дапочне со тренинзи по повредата, пишува „Le Parisien”. Според францускиот весник, 35-годишниот фудбалер целосно закрепна од повредата и ќе учествува на денешниот тренинг со екипата на ПСЖ.
Рамос би требало да дебитира на натпреварот од 12. коло од Лига 1 против Лил. Натпреварот ПСЖ – Лил ќе се одигра на 29 октомври.
Шпанецот се приклучи на парискиот тим во летниот трансфер период како слободен играч. Претходно играше за Реал Мадрид. Откако дојде во парискиот клуб, Рамос ниту еднаш не се појавил на теренот на официјални натпревари.