Спомениците не се мојот стандард, туку зелените кровови и важно е да се сменат трендовите во главниот град, истакна кандидатот за градоначалник на СДСМ, Петре Шилегов во гостувањето на Телма телевизија. Тој кажа дека е многу поважно да има зеленило и велопатеки кои ги користи, отколку споменици.
-Возам велосипед, особено на кратките релации, бидејќи побрзо се стигнува, изјави Шилегов. Тој кажа дека градот е жртва на неплански усвоениот ГУП на претходниците.
-ГУП-от од 2012 година го донесоа некадарни луѓе, нам ни се кријат истите луѓе и имаат намера да кројат ГУП и во 2022 година, додаде Шилегов.
Тој кажа дека ќе продолжи да се залага за развивање на инфраструктурата во северниот дел од градот, со што ќе се намалува притисокот во останатите делови во Скопје.